Контакт

ОДРЖАНИ ВИП ОЛИМПИСКИ ДЕНОВИ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

 09-06-2008

       

Во пресрет на Летните Олимписки игри во Пекинг –

Vip Олимписки денови

во Свети Николе и Валандово

Од 28 мај до 04 јуни 2008 година се одржаа се одржаа Vip Олимписките денови во Свети Николе и општината, со бројни спортски, литературни и ликовни натпревари на тема „Олимпизам“. Завршната манифестација се одржа во Свети Николе со одржување на олимписки часови, спортски натпревари во велосипедизам, ракомет, фудбал, атлетика и други спортски игри, а најголемо внимание предизвика кросот на кој учествуваа ученици од основно, средно училиште и возрасни.

Следните Vip Олимписки денови ќе се одржат 18 јуни во Валандово.

Целта на Vip Олимписките денови е во општините во Република Македонија да заживее духот на олимпизмот, дружењето, спортот, образованието, културата и екологијата.

Од април 2008, Vip оператор е новиот официјален партнер на Македонскиот олимписки комитет. Во насока на поддршка и промоција на вистинските вредности и активно учество во изградбата на здраво општество, Vip оператор го поддржува Македонскиот олимписки тим на престојните Летни олимписки игри 2008, што ќе се одржат во Пекинг.































Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014