

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ
Ги информираме медиумите дека сите оние кои се заинтересирани за евентуално поднесување на барање за добивање на акредитација за следење на Првите Младински Олимписки игри кои ќе се одржат во Сингапур во периодот 14-26 Август 2010 година, истото ќе може да го достават директно, со кликнување на следниот линк:
РЕГИСТРАЦИЈА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Линкот за добивање на акредитација е на Организациониот комитет на Младинските Олимписки игри и е заеднички направен со Меѓународниот олимписки комитет. Рокот за пријавување е до 1 Мај 2010 година. Поканети сте да аплицирате online на официјалната веб страна на Младинските Олимписки игри, на погорниот линк.
Медиумите кои ќе добијат акредитација ќе можат да ги користат услугите на Главниот прес-центар на Младинските олимписки игри, ќе имаат пристап до спортистите, до олимписки објекти, вклучувајќи го и олимпиското село. Исто така, ги информираме медиумите дека доколку изразат желба за поднесување на молба за акредитација, делот за добивање на виза не треба да се пополнува бидејќи на македонските граѓани не им е потребна виза за влез во Сингапур.
Копија од пријавата и потребните документи за акредитација, ќе мора да бидат испратени и до Комисијата за информирање на Македонскиот олимписки комитет на електронска пошта mok@mok.org,mk или преку пошта, со назнака:
До
Александар Стиков
Комисија за информирање
Македонски олимписки комитет
Бул. Кузман Јосифовски Питу 17
1000 Скопје
Република Македонија