СРЕДБА ТУПУРКОВСКИ - ПЛАТИНИ Во Скопје, на 4/3/2009 година, Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупурковски, во присуство на Генералниот секретар Д-р Сашо Поповски и Спортскиот директор Владимир Богоевски остварија средба со Претседателот на УЕФА, г-динот Мишел Платини, кој е единствен добитник на наградата - Олимписка ѕвезда на Македонски олимписки комитет. Во оваа прилика двајцата претседатели ја потврдија досегашната успешна соработка со цел таа, на повисоко ниво, да продолжи и во следниот период.