Контакт

19 СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

 26-06-2011

19 СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

Во пред олимписката година, Македонскиот олимписки комитет ја одржа 19 Седница на Собранието на која се анализираа остварените активности во предходниот годишен циклус во кој евидентирните македонски и потенцијални олимпијци имаа бројни настапи и проверки. Најнапред беше прикажано видео обраќањето на претседателот на ИОК, д-р Жак Рог по повод 23 Јуни, денот на Олимпизмот, денот кога е формиран Меѓународниот олимписки комитет. Во воведното излагањето, претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски даде оценки за состојбите во македонскиот врвен спорт, напоменувајки дека заложбите на организацијата да најде и да понуди излезни решенија не наидуваат на разбирање за да се излезе од длабока криза во која е нашиот спорт. Се уште владее атмосферата дека МОК не наидуваат на разбирање кај државните органи, кои не наоѓаат решенија за подобар и поквалитетен спорт во државата.

Тупурковски напомена дека во услови во кои се наога МОК, за разлика од останатите членови на мегународното олимписко семејство е единствената организација која не добива никакви материјална помош од државните инаституции, а во последниве години се загубија и домашните помагатели и поддржувачи на македоското олимписко семејство. ОК сепак усспешно се снајде и изнаоѓа и нуди решенија за излез од сегашната криза во која што се наога македонскиот врвен спорт. МОК и во вакви економски услови сепак се појавува како еден од главните примарни помагатели на Националните спортски федерации од чии редови потекнуваат потенцијалните олимписки кандидати. Делегатите на Собранието беа информирани за бројните настапи на македонските репрезенти на мегународната сцена. Владимир Богоевски, спортскиот директор на МОК, таксативно ги презентираше сите манифестации на кои настапиле македонските олимпијци, напоменувајки дека, со одредени поединечни исклучоци, не можеме да бидеме задоволни од постигнатите резултати, особено од грижата на спортските федерации за сопствениот кадар. Тој ја истакната својата загриженост, ако МОК, како и во минатите години, и натаму остане единствен да води сметка и да ги помага спортските федерации во нивните настапи на мегународната сцена, нема да се најде решение за некаков квалитетен напредок.



Генералниот секретар на МОК д--р Сашо Поповски ги запозна делегатите со бројните билатерални контакти и остварени средби со бројни национални олимписки комитети од сите континенти преку кои МОК има голема поддршка и помош кога се во прашање подготовки и давање на стручна попмош на македонските олимпијци.Тој ја истакна и големата помош на Мегународниот олимписки комитет, на Европската организација на ОК, како со Солидарната олимписка помош, кои на МОК му овозможуват солидна материјална помош за активности и за остварување на спортските олимписки програми на потенцијалните и евидентни олимписки кандидати за Лондон 2012 година.

Преку мегународните контакти се остварени повеке подготовки и настапи на нашите спортисти, организирани се бројни стручни семениари за едукација на македонските стручни лица. Тој ја искажа големата благодарноста кон меѓународната организација која на МОК му овозможува низ различни форми да го афирмира популаризира и развива олимпизмнот мегу македонската младина. Тој се заблагодари и на големиот број на Влади од Европа и светот кои го помагаат МОК, а со тоа и македонскиот спорт и на тој начин дават големо признание на напорите, работата и авторитетот на МОК во меѓународни рамки.

Низ бројни дискусии на делегатите беше оценето дека МОК, заедно со останатите државни институции треба да најдат заедничко решение за подобрување на состојбите. Многуте претставници на Националните спортски федерации во своите дискусии ја искажаа големата благодарност кон МОК, без чија помош и ангажирање не би имале квалитетни подготовки, опрема и настапи на меѓународната спортска сцена.

Делегатите се согласија за измена на Статутот на МОК согласно законската регулатива, а воедно го прифатија и извештајот на Надзорниот одбор на МОК за успешното работење на канцеларијата во минатиот тековен период.

Делегатите на МОК, на почетокот на седницата со воспомен и едно минутно молчење им оддадоа почит на починатите Јордан Николовски – мајка, Филип Ѓурчиновски, Атина Бојаџи и Димче Беловски кои беа истакнати и оснивачи делагати на Собранието на МОК. 

                           
                           

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014