Контакт

ОЛИМПИСКИ ДЕН НА ЕКОЛОГИЈА

 13-11-2008
                                                          

                                                  ОЛИМПИСКИ ДЕН НА ЕКОЛОГИЈА

На 9 Ноември 2008 година, во организација на МОК и на Градот Скопје, во градскиот парк во Скопје се одржа Олимписки ден на Екологијата. Оваа акција на МОК се одржа по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, но и врз основа на програмата на Меѓународниот олимписки комитет. Акцијата беше пред се насочена кон подигнување на свеста на младите за зачувување на здрава и чиста животна средина во која сите ние ќе можеме да живееме и спортуваме, а врвните спортисти ќе можат да постигнуват врвни светски резултати.
Учесници на оваа акција беа членовите на Македонскиот олимписки комитет (членови на Собранието, на Управниот одбор, на Комисијата за спортисти), спортисти и тренери-учесници на последните Летни Олимписки игри во Пекинг, претставници на Градот Скопје, ученици од Државното средно фискултурно училиште „М.М.Брицо“ како и граѓани на Градот Скопје.
Предавање за поврзаноста на спортот и екологијата одржа и Проф. Д-р Кирил Темков кој на присутните, посебно на младите им објасни што значи да се живее и да се спортува во здрава животна средина.
Во горе наведениот контекст се одржа и натпревар во кајак на диви води на кој учество земаа кајакари од сите возрасни категории. На крај се пристапи кон садење на садниците како и чистење на градскиот парк во Скопје.
 
 
 
 
 
 

    
                                                                                        МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014