СЕМИНАР ПО СПОРТСКА МЕДИЦИНА
“ТРЕТМАН НА СПОРТСКИ ПОВРЕДИ“
Водејќи се од основниот факт дека здравјето на спортистите е во преден план и е од најголема важност за сите нас, Македонскиот олимписки комитет во соработка со Германскиот олимписки комитет и Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, во периодот од 09 до 13 декември 2008 година, организира семинар по спортска медицина. Програма на семинарот (повеќе...).
Предавачи на семинарот cе Проф. Д-р Валтер ван Лак и Инго Геуних, кои со себе донесoа и донација на Германскиот олимписки комитет.

Семинарот се одржува во просториите на Македонскиот олимписки комитет.

Семинарот се одржува и надвор од просториите на Македонскиот олимпипски комитет.



По тој повод во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа и прес конференција на која присуствуваа и претставници од Амбасадата на Сојузна Република Германија.
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ