|
|
|
|
СЕМЕЈНА ТРКА ЗА СРЕЌНА 2011 ГОДИНА |
|
26-12-2010 |

|
СЕМЕЈНА ТРКА ЗА СРЕЌНА 2011 ГОДИНА
Во организација на Македонскиот олимписки комитет, Сојузот на спортови на Скопје, во партнерството со Пивара Скопје АД, Мекдоналдс, Дневник и Теа колорс, на 26.12.2010 (недела) во 13.00 часот ќе се одржи СЕМЕЈНА ТРКА ЗА СРЕЌНА НОВА. Трката во должина од 400 метри ќе се одвива по десната страна од булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром. Стартното место ќе биде поставено кај игралиштето „Sunset“, а целното место пред ресторанот „Мекдоналдс“. | |

| |
Тркаата има пред се хуманитарен карактер, бидејќи со средствата кои ќе бидат собрани од учесниците и донаторите ќе бидат наменети за децата сместени во згрижувачки семејства. Во трката можат да учествуваат сите заинтересирани деца од предучилишта и училишна возраст со нивните родители. Пријавувањето на учесниците ќе се одвива пред стартот на трката. Пред почетокот на трката предвидено е родителот на секое дете, учесник во трката, да има можност да уплати минимална котизација од 50 денари. На стартното место на трката ќе биде поставен собирен пункт на Црвениот крст на град Скопје, каде учесниците, покрај уплатата на котизацијата, ќе можат да донираат и предмети (облека, играчки, кондиторски производи и друго) кои ќе бидат наменети за новогодишни подароци за децата сместени во згрижувачи семејства. На овој начин, учесниците во трката, покрај можноста да бидат физички активни, и на таков начин да ја почувствуваат еуфоријата на новогодишните празници заедно со своето семејство, имаат и дополнителна уникатна можност - во својство на Дедо Мраз, да исполнат некоја новогодишна желба и на своите врсници кои се сместени во згрижувачки семејства. За да биде овој ефект уште поистакнат, секое дете – учесник во трката, на стратот ќе добие специјална Дедо Мраз капа. | |
Трката нема да има натпреварувачки карактер, а по завршувањето секој учесник, ќе има право да извлече број со кој ќе учествува во новогодишна лотарија со добивки обезбедени од партнерите кои го поддржаа овој настан. За дополнување на убавата атмосфера на настанот ќе има и добра музика, искрено дружење и многу среќни лица.
ДОЈДЕТЕ! |
|
| Назад |
|
|
|
|
|