|
|
|
|
40 ГОДИНИ ЗЛАТЕН ГОНГ |
|
10-11-2010 |

За јубилејот - МОК, АМС и БФМ ја донесоа светската елита во “Борис Трајковски“ 40 ГОДИНИ ЗЛАТЕН ГОНГ |
 |
Денес (10/11/2010 година), организациониот одбор на ”ЗЛАТНИОТ ГОНГ СКОПЈЕ 2010” (претставуван од страна на генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов и директорот на спортската арена ”Борис Трајковски”, Ратко Капушевски) заедно со боксерската делегација на КУБА, одржа прес конференција на која ја запозна јавноста во делот на организацијата на 40-иот јубилеен ЗЛАТЕН ГОНГ. Беа претставени и учесниците односно најдобрите боксери од МАКЕДОНИЈА, РУСИЈА, БУГАРИЈА, АЛБАНИЈА, СРБИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ПОЛСКА, ЧЕШКА, ИТАЛИЈА, РОМАНИЈА, СЛОВЕНИЈА, ЦРНА ГОРА и КУБА.

|
Организациониот одбор ги повика љубителите на спортот и посебно на боксот (влезот е бесплатен!), масовно да дојдат и да ги следат борбите на најквалитетните светски боксери на “ЗЛАТНИОТ ГОНГ СКОПЈЕ 2010”, но и да ги бодрат најдобрите македонски боксери кои се секако дел од светската елита. Турнирот ќе трае во периодот од 11.11.2010 – 13.11.2010 година и ќе се одржи во спортскиот центар “ Борис Трајковски”. Свеченото отварање ќе биде во четврток (11.11.2010 година) со почеток во 18.30 часот, а отварањето, со свој забавно-уметнички настап, ќе го збогатат Тони Зен и Викторија Лоба. | |
| Назад |
|
|
|
|
|