|
|
|
|
МОК ГО УНАПРЕДУВА КОЊИЧКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА |
|
23-01-2011 |

МОК ГО УНАПРЕДУВА КОЊИЧКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА | |

| |
По извршената комуникација со Меѓународната коњичка федерација (ФЕИ), Македонскиот олимписки комитет во соработка со Македонската коњичка федерација обезбеди стручна едукација за нашиот дипломиран тренер за коњички спортови, Билјана Лазаревска. Таа учествуваше на Меѓународниот семинар за обука на професионални тренери по коњички спортови, проект кој во целост беше финансиран од страна на МОК. Семинарот, кој се одржа во седиштето на Грчката Коњичка Федерација, во Атина (како домаќин), беше во организација на Меѓународната коњичка федерација, траеше 5 дена и на него учествуваа 14 европски тренери кои земаа активно учество во тренирање и обука на коњи и јавачи. Тутор на Билјана Лазаревска беше турскиот тренер Сера Онкал, која индивидуална работеше и успешно изврши унапредување на знаењето на нашиот тренер во однос на примена на најновите техники на јавање во коњичкиот спорт. Соработката со Грчката коњичка федерација беше на највисоко можно ниво, нашиот тренер беше одлично пречекан и се помина во одлична организација. | |

| |
Според активноста и посветеноста за време на семинарот, на крајот од истиот им беа доделени дипломи за официјални меѓународни тренери по коњички спортови и за способност на обука на јавачи за натпревари и за подобрување на техниката на јавање. Соработката со ФЕИ (Меѓународната коњичка федерација) продолжува и понатаму, со помош на МОК и на МКФ, пред се во насока на отварање на школа за јавање според стандардите на ФЕИ. |
|
| Назад |
|
|
|
|
|