Контакт

Почина АТИНА БОЈАЏИ

 31-12-2010
 

Почина АТИНА БОЈАЏИ

На 28.12.2010 година, почина великанот на Македонскиот олимписки комитет и на македонскиот спорт, АТИНА БОЈАЏИ.

Атина Бојаџи, најголемиот бисер на македонското пливање, родена во Охрид на 11.3.1944 година беше државен првак во пливање на куси патеки, но и светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Победничка беше на повеќе маратони во светот и во Македонија. Во нејзината победничка серија, најзначајни беа триумфите на маратоните во Охрид (1966 година), Капри - Неапол и Саида-Бејрут, Либан (1962). 

На 9 септември 1969 година Атина Бојаџи го постигна и својот најголем успех препливувајќи го каналот Ла Манш - најголемиот предизвик за сите пливачки маратонци.

Во 1998 година беше прогласена за Великан на Македонскиот олимписки комитет. МОК го загуби својот олимписки великан кој ви животот знаеше да се бори, да победува и да слави. Молскавично ја загуби последната битка, но засекогаш ќе остане да се слуша последниот аплауз за нашата Атина.

По овој повод, во просториите на Универзитет за менаџмент и туризам во Скопје, МОК одржа комеморативна седница.

Погребот се одржа на 30 Декември 2010 година, на градските гробишта Бутел - Скопје.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014