|
|
|
|
СО НОВ КАЈАК ДО ЛОНДОН 2012 |
|
18-07-2011 |
|
СО НОВ КАЈАК ДО ЛОНДОН 2012

Македонскиот олимписки комитет за нашиот олимпијец, Атанас Николовски набави нов кајак. Откако стариот кајак беше оштетен, МОК во најкроток рок за Атанас набави нов кајак од најпознатата компанија во светот за производство на кајаци.
“Соработката со МОК трае и се развива од 2004 година и поддршката, како финансиска така и логистичка, која ја добивам од МОК ми дава голема сигурност. Верувам дека и МОК смета дека средствата кои што ги вложува во мене се искористени на најдобар можен начин и дека се вложуват во акции, програми и натпревари кои ми се навистина потребни. Овој кајак е дури и подобар од претходниот со кој го освоив 7-то место на Светското првенство во Тацен, Словенија. Немам зборови со кои можам да ја изразам својата благодарност кон МОК за целата поддршка која ми ја пружа во насока на остварување на нашата заедничка цел. Искрено верувам дека на престојното СП во Братислава, Словачка (Септеври 2011 г.) ќе го потврдам мојот квалитет и ќе изборам место во олимписката екипа која ќе отпатува на ОИ во Лондон 2012“ – истакна Атанас Николовски.
МОК силно верува дека Атанас на најдобар можен ќе ги искористи перформансите кои ги пружа новиот кајак, дека напорните тренинзи ќе продолжат со полна пареа и дека оваа долгорочна и квалитетна соработка ќе вроди со врвен спортски резултат, односно со пласман на ОИ ЛОНДОН 2012.
|
| Назад |
|
|
|
|
|