Контакт

Семинар за спортски менаџмент

 05-04-2011
 

Олимписки семинар за спортски менаџмент и менаџмент на спортската администрација во Македонија

Од 14 до 17 април 2011 година во Скопје, Македонскиот олимписки комитет (МОК) ќе организира семинар за спортски менаџмент и спортска администрација. Овој семинар е одобрен од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), а како предавач ќе се јави проф. д-р Тјери Зинк. Тој е декан на Факултетот за моторички науки, физичко воспитување, кинезитерапија и реадаптација при Католичкиот универзитет во Лувен (Белгија) и е почесен член на Центарот за истражување компаниски промени и иновативни стратегии (ЦРЕЦИС). Проф. д-р Зинк е заменик-претседател на олимпиското здружение за спортски менаџмент „Хенри де Бел-Латур и Жак Рог“, а поставен е и за директор на мастерстудиите за спортски менаџмент за високи раководители на олимписки спортски организации. Тјери Зинк е и потпретседател на Белгискиот олимписки комитет.

На семинарот ќе се зборува за менаџмент на спортската средина, организација на Олимписките спортски организации (ОСО), како што се националните спортски федерации, спортските клубови и слично, организација на европскиот спортски систем (пирамидална хиерархија - спортист, клуб, федерација, олимписки комитет, меѓународна федерација, меѓународен олимписки комитет), позиционирање на ОСО во националната и меѓународната спортска средина, стратегиски менаџмент на ОСО, комбинација на организациски и спортски планови на ОСО, човечки ресурси за менаџмент на изведба на ОСО, маркетинг-стратегии на ОСО и на главните олимписки и спортски вредности и слично.

МОК ги повикува националните спортски федерации, спортските клубови, високообразовните установи, спортските административци, спортистите и другите спортски работници да учествуваат на овој семинар и барем за малку со новостекнатите знаења да ја унапредат работата на ОСО во која членуваат. Пријава може да се прати на е-маил: mok@mok.org.mk.

 

ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ ЗА СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ И СПОРТСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

                 Место: Универзитет за туризам и менаџмент - Скопје


14/04/2011 (четврток)

11.00-20.00 Состанок со канцеларијата на МОК (само за МОК)


15/04/2011 (петок)

РАЗВОЈ НА СПОРТСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

9:45-10:00 Отворање на семинарот

10.00-11.00 Организација на Национални (олимписки) спортски федерации

11.00-11.15 Пауза

11.15-11.45 Организација на Европскиот спортски систем

11.45-12.15 Европска пирамидална хиерархија
(Спортист – Клуб – Национална спортска федерација - Национален олимписки комитет-Меѓународна спортска федерација - Меѓународен олимписки комитет)

12.15-13.00 Групни напори за позиционирање на Националните (Олимписки) спортски федерации во националната и интернационалната спортска средина

13.00-15.00 Пауза

ФУНКЦИОНИРАЊЕ И ПРАВИЛНО РАБОТЕЊЕ НА НСФ

15.00-16.00 Стратешки маркетинг на Националните (Олимписки) спортски федерации

16.00-17.00 Предизвикот на комбинирање на организација и реализација на спортските програми во Националните (Олимписки) спортски федерации

17.00-18.00 Менаџирање и оценување на човечки ресурси во Националните (Олимписки) спортски федерации: професионалност и градење на админстративен тим


16/04/2011 (Сабота)

РАЗВОЈ НА МЕНАЏМЕНТ И НА МЕНАЏЕРСКИ СПОСОБНОСТИ

10.00-10.45 Маркетинг на Националните (Олимписки) спортски федерации

10.45-11.30 Маркетинг на Националните (Олимписки) спортски федерации: комунилација/соработка со интересните групи

11.30-11.45 Пауза

11.45-12.15 Маркетинг на Олимписките вредности

12.15-13.00 Случајот на Белгискиот олимписки комитет и Интерфедералниот комитет

13.00-14.00 Делење на дипломи и затворање на семинарот


17/04/2011 (недела)

10.00-15.00 Состанок со канцеларијата на МОК (само за МОК)



Напомена: Дипломи ќе добијат само оние лица кои се пријавени однапред и кои ќе присуствуват во целост на семинарот! Пријавените учесници мора многу добро да го владеат англискиот јазик!
Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014