Контакт

МИРКОВИЌ СО ЛИЦЕНЦА НА ИОК

 08-05-2011

МОК обезбеди нов квалитетен тренер
МИРКОВИЌ СО ЛИЦЕНЦА НА ИОК

Во седиштето на ИОК, во Лозана, Зоран Мирковиќ, кој Македонскиот олимписки комитет минатата година го испрати на двомесечна обука во САД, со одличен успех го одбрани својот труд "Изработка на долгорочен тренинг план за развојот на Таеквондото во Македонија". Тој, својот труд го одбрани пред комисија во која беа г-динот Драгомир Циорослан, Директор за меѓународни стратегии и развој на Американскиот олимписки комитет, д-р Џеф Шнајдер, Шефот на одделението за Кинезиологија и применета физиологија на Универзитетот во Делавер, г-дин Бил Томпсон од Меѓународната Таеквондо Федерација и проф. Мајкл Вилијамс, координатор за спорт на Хавард Јавниот училишен систем. Во тренажниот процес креиран од Зоран Мирковиќ, сеопфатно се елаборирани тренажните процеси за пионери, јуниори, младинци и сениори, а посебно внимание е посветено на периодот по завршување на кариерата.

Претседателот на Таеквондо федерацијата на Македонија, г-динот Ацо Анастасов е убеден дека со оваа голема помош добиена од МОК, таеквондото во Македонија ќе добие силен импулс за квалитетен и оддржлив развој и дека оваа помош ќе се почуствува за многу кратко време. Таеквондото е релативно нов спорт на програмата на ОИ и статусот на олимписки спорт го добива од 2000 година, на ОИ во Сиднеј.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014