
Средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Симоне Филипини

(Скопје, 11/05/2009 година)
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, се одржа средба помеѓу Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупурковски и амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Симоне Филипини. Претседателот Тупурковски ја информираше г-ѓа Филипини за најавеното започнување на договорената соработка помеѓу Македонскиот и Холандскиот олимписки комитет, во насока на едукација на тренери од Македонија во повеќе спортови, испраќање на наши спортисти на спортско усовршување во Холандија како и добивање на донација во спортска опрема. Беше најавено и проширување на соработката помеѓу амбасадата на Кралството Холандија и Македонскиот олимписки комитет во областа на спортот, заедничка организација на спортски настани како и организација на повеќе настани за заштита на животната средина.
Македонскиот олимписки комитет изразува посебна благодарност од посетата на Н.Е. Симоне Филипини и пред се за нејзиното настојување, со нејзин личен ангажман да се зголеми спортската помош која Македонскиот олимписки комитет ја добива од сите страни, во насока на обезбедување на соодветни услови за подготовки и натпревар на нашите спортисти.