ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ МОК. АМС И АФМ

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, претседателот на Македонскиот олимписки комитет Д-р Васил Тупурковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Драган Ѓурчевски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија г-дин Цветко Грозданов потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА во врска со реализацијата на ПРОЕКТОТ ИЗГРАДБА НА АТЛЕТСКА ПАТЕКА ВО ОХРИД.

Македонскиот олимписки комитет ја обезбеди финансиската конструкција за поставување на атлетската патека, а Агенцијата за млади и спорт ќе се вклучи во изградбата на патеката со средства кои ќе бидат употребени за целосна подготовка на теренот до поставувањето на патеката.
Директорот на Агенцијата изрази голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет кои ја обезбедија атлетската патека како донација и Атлетската федерација на Македонија за целокупниот ангажман и успешната соработка.