Контакт

Средба на Националните олимписки комитети на Централна и Југо-источна Европа

 22-05-2009

                        Средба на Националните олимписки комитети на 
                                          Централна и Југо-источна Европа



(12 Maj 2009 година)
Во Будва, Црна Гора се одржа средба на Националните олимписки комитети на Централна и Југо-источна Европа. На овој редовен состанок, на која учествуваа 12 олимписки комитети се разговараше за критериумите за селекција на Олимписките делегации на летните и зимските олимписки игри, системот на финансирање на олимпиското движење, соработката меѓу Националните олимписки комитети во однос на подобри подготовки за ЗОИ ВАНКУВЕР 2010 и ЛОНДОН 2012, проблемите во Националните спортски федерации во однос на нивните човечки ресурси и непоседување на спортска инфраструктура. Од посебно значење за нас беше вметнување на расправа во официјалниот дел на состанокот за поддршка за членство на Макдонскиот олимписки комитет во Меѓународниот комитет на Медитеранските игри. Ова барање беше прифтено и на следната седница на УО на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри ова прашање односно барање ќе биде официјално разгледувано. Овој состанок беше посебно искористен за воспоставување на многу поблиски односи со Црногорскиот олимписки комитет, но и воспоставување на поблиски релации со новоизбраното раководство на Српскиот олимписки комитет и започнување на поинтензивна спортска соработка со нивното раководство, претседателот Владе Дивац и Генералниот секретар Ѓорѓе Вишацки, со кои беа договорени и активности за унапредување на спортот во Македонија. На состанокот на Националните олимписки комитети на Централна и Југо-источна Европа присуствуваа и Министерот за култура, спорт и медиуми на Црна Гора г-динот Бранислав Мичуновиќ, а подоцна на средбата се приклучи и Министерт за внатрешни работи на Црна Гора и потпретседател на Владата на Црна Гора, г-дин Јусуф Каламперовиќ. Следната средба на Националните олимписки комитети на Централна и Југо-источна Европа ќе се одржи во октомври 2009 година, во Сараево, Босна и Херцеговина.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014