Благодарејќи на иницијативите и ангажманите на одговорните луѓе во Македонскиот олимписки комитет и контактите со Италијанскиот олимписки комитет, за нашите најдобри боксери обезбедени се врвни подготовки пред нивниот настап на Европското првенство во Москва.

Вели Мумин и Примислав Димовски ќе престојуват во Италија во периодот од 21 Мај до 2 Јуни, по што ќе се вратат во Скопје и на 4 Јуни ќе заминат за Москва, Русија каде што ќе се одржи Европското првенство во бокс.
Македонскиот олимписки комитет обезбеди престој во Италија и за тренерот Руждија Калач кој покрај работата со нашите најдобри боксери ќе ја има привилегијата да соработува и со најдобрите италијански тренери.
Македонскиот олимписки комитет во континуитет обезбедува квалитетни подготовки за нашите олимпјци кои ќе имаат одлична шанса да се подготвуват во Асиси, Италија место кое е врвна база на Италијанската боксерска федерација за припреми на врвните спортисти пред големите спортски натпревари. Нашите боксери ќе имат квалитетни спаринг партнери, кои се подготвуваат за ЕП Москва и за ОИ ЛОНДОН 2012. Само да напоменеме дека во категоријата на Вели Мумин настапува и бронзениот од Олимписките игри во Пекинг 2008, Винченцо Пикарди, додека во категоријата на Примислав Димовски настапува Роберто Камареле, двократен светски првак (Чикаго 2007 и Милано 2009), носител на златен олимписки медал на ОИ Пекинг (2008), освојувач на бронзен медал од Атина (2004) и двократен првак на Медитеранските игри (2005 и 2009).
Македонскиот олимписки комитет верува дека ова е одлична шанса Вели Мумин и Примислав Димовски да се стекнат со непоходиот степен на подготвка која веруваме дека многу ќе им користи за Европското првенство во Москва и од нив се очекува врвен спортски резултат.