|

АНТОНИО РИСТЕВСКИ - НОСИТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА ЗОИ ВАНКУВЕР 2010
 (Скопје, 8 февруари 2010)
На 82-та седница на Управниот Одбор на Македонскиот олимписки комитет, беше одлучено нашиот најдобар олимпиец во алпско скијање, Антонио Ристевски, да гo носи македонското знаме, на отварањето на 21-те Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во Ванкувер, КАНАДА.
По тој повод Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет, упати честитки и искрени желби за врвни спортски резултати, до Антонио Ристевски и до сите наши олимпијци.
-------------------------------------------------------------------------------- МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ ТИМ ЗАМИНА ЗА ВАНКУВЕР АНТОНИО РИСТЕВСКИ, РОСАНА КИРОВСКИ И ДАРКО ДАМЈАНОВСКИ ЌЕ ГИ БРАНАТ БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА 21-ТЕ ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
(Скопје, 7 февруари 2010) На денешната прес конференција одржана во просториите на Македонскиот олимписки комитет, беше претставена македонската делегација на натпреварувачи кои утре патуваат за Ванкувер.  На 21-те Зимски олимписки игри во Ванкувер 2010, Македонија ќе учествува со 3 натпреварувачи во 3 дисциплини: Антонио Ристевски во скијање слалом и велеслалом, Росана Кировска и Дарко Дамјановски во кантри крос - слободен стил, на 10 и 15 км.
 Дарко Дамјановски Росана Кировска Антонио Ристевски
 Владимир Пановски Иван Лесевски Ѓоко Диневски  Зоран Ханџиски
Екипата која ќе ги придружува спортистите е составена од тренерите Иван Лесевски, Ѓоко Диневски и Владимир Пановски, доктор е Зоран Ханџиски, додека шеф на мисијата е спортскиот директор, Владимир Богоевски. Во Ванкувер патуваат и претседателот на МОК, Д-р Васил Тупурковски како и генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски кои ќе имаат бројни средби и активности со челниците на Националните олимписки комитети, учесници на ЗОИ ВАНКУВЕР 2010.
Нашите олимпијци Росана Кировска и Дарко Дамјановски ќе се натпреваруваат на 15.02, во 10 и 12.30 часот, а Антонио Ристевски во велеслалом на 21.02 во 10 часот (втора трка во 13.45) и слалом на 27.02, исто така во 10 часот (втора трка 13.45). Сатницата е според канадско време.  ‘‘Веруваме дека македонските олимпијци достојно ќе ја претстават Македонија на 21-те ЗОИ во Ванкувер и ќе нè израдуваат со подобар пласман во однос на минатите Зимски олимписки игри. Ги испраќаме со огромна поддршка и верување дека ќе дадат сè од себе за што подобри резултати”, изјави претседателот на МОК, Д-р Васил Тупурковски.
Компанијата "СИВЕН" од Софија (www.siven.com) ја обезбеди спортската опрема на македонската олимписка делегација за свеченото дефиле на отварање и затварање на ЗОИ Ванкувер 2010.
Спортско-медицинските прегледи на олимпијците беа извршени во Центарот за спортска медицина “КИНЕТИКУС“.
|