Контакт

ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА МОК И ЗА ТУПУРКОВСКИ

 11-02-2008

Претседателот на МОК ќе ја предводи делегацијата на Светската Асоцијација на националните олимписки комитети (ANOC - Association of National Olympic Committees) на конференцијата со која ќе претседава Претседателот на ИОК, г-динот Жак Рог.

Во канцеларијата на Македонскиот олимписки комитет, пристигна големо признание од Интернационалниот олимписки комитет. Имено, на 11 и 12 февруари претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски, како претставник на АНОК ќе присуствува на работен состанок во седиштето на ИОК во Лозана. Со состанокот, кој ќе биде на тема “Автономноста на националните олимписки комитети, на спортското и на олимпиското движење”, ќе претседава претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Жак Рог.
Меѓу бројните учесници, ќе бидат и почесниот претседател на ИОК Хуан Антонио Самаранч, потпретседателите на ИОК, г-динот Томас Бах и г-ѓа Гунила Линдберг, неколку почесни членови на ИОК како и претседателите на неколку меѓународни спортски федерации.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014