Контакт

МОК обезбеди Олимписки семинар за обука на пинг понг тренери

 14-12-2010

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Македонската пингпонг-федерација во периодот 13-17 декември 2010 година ќе организира олимписки семинар за обука на пингпонг-тренери од Македонија

ОЛИМПИСКИ СЕМИНАР ЗА ОБУКА НА ПИНГПОНГ-ТРЕНЕРИ

Главен експерт/предавач на овој семинар ќе биде проф. Радивој Худец, овластен експерт на Меѓунардониот олимписки комитет и на Меѓународната пингпонг-федерација. Олимпискиот семинар за обука на пинг понг-тренери од Македонија ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, кој од неодамна е и официјален партнер на Македонскиот олимписки комитет (www.utms.edu.mk).

Оваа активност Македонскиот олимписки комитет ја договори и усогласи со стандардите на Меѓународната пингпонг-федерација, а согласност и одобрение за оваа активност даде и Меѓународниот олимписки комитет, кој прифати за учесниците на оваа активност да додели сертификати кои ќе бидат доделени од страна на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски. За оваа активност од страна на Македонскиот олимписки комитет и Македонската пингпонг-федерација беа информирани и претседателот на Европската пингпонг-федерација, Стефано Боси и потпретседателот Александар Матковиќ, кои изразија подготвеност да го поддржат предлогот на МОК за реализација на нова спортска донација за потребите на Македонската пинг понг-федерација.

Исто така, искрени зборови на поддршка и понуда за конкретна помош за одржлив и долгорочен развој на македонскиот пинг-понг изрази и г. Глен Тепер, извршен директор на Меѓународната пинг понг-федерација, кој во контактите со Македонскиот олимписки комитет, за 2011 година, навести започнување на процесот на “сертификација“, од прво ниво, за македонските тренери.

Македонскиот олимписки комитет, исто така, обезбеди доаѓање на два кинески пинг понг-тренери, помош што беше обезбедена и потврдена од страна на Амбасадата на Народна Република Кина и која МОК очекува да се реализира во 2011 година.

************************************************************

ВЕСТИ ОД ПЛИВАЊЕТО!
Маринова по нови рекорди во Солун

Од 3 до 5 декември 2010 година Симона Маринова (пливање), олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет, ќе учествува на силен пливачки митинг што ќе се одржи во Солун, Грција. Македонскиот олимписки комитет кој во целост, финансиски го покри ова патување на Симона Маринова и нејзиниот тренер Владимир Пејковски, очекува нови добри резултати и можеби уште некое соборување на македонски рекорд во пливање.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014