Контакт

Тематска конференција на МОК, АМС и ФФК

 24-11-2010
 

Тематска конференција на МОК, АМС и ФФК
Науката како фактор за развој на спортот
во Република Македонија

На 23 Ноември 2010 година, во организација на Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за физичка култура се одржа конференција на тема Науката како фактор за развој на спортот во Република Македонија.

На овој научен собир беа посочени повеќе предавања поврзани со анализа на моменталната состојба во која се наоѓа македонскиот спорт, законската регулатива за спорт, валоризацијата и категоризацијата на спортовите, здравствената заштита на спортистите, психолошко-педагошките аспекти како и анализите на училишниот спорт.

По воведното излагање и анализата од страна на претседателот на МОК д-р Васил Тупурковски за состојбите во македонскиот спорт, беше презентирана темата Науката како фактор за развој на спортот во Република Македонија од проф. д-р Ѓорѓи Спасов кој на присутните учесници на конференцијата им презентираше свои согледувања за тоа во каква состојба се наоѓа македонскиот спорт.



Претставникот на Агенцијата за млади и спорт Томче Андоновски во своето излагање Законската регулатива, финансирањето, измените и дополненијата на законот за спорт даде слика за развојот на спортот во Европа вклучувајќи ја и Република Македонија, истакнувајќи повеќе примери дека и нашата држава треба да го примени европскиот начин на уредување на спортот.

Д-р Зоран Ханџиски во своето излагање во однос на Спортската медицина во функција на развој на спортот ја третираше спортската медицина како фактор во развојот на спортот истакнувајќи дека таа претставува еден од најзначајните фактори за неговиот развој во Република Македонија. Во бројните дискусии беше истакнато дека спортот мора да добие соодветен третман и место во државата, а таа пак мора да се грижи, а не само да го потпомага спортот во Република Македонија. Изречените заклучоци ќе бидат основа за разгледување на сите аспекти од она што како идна стратегија беше договорено и треба да произлезе од оваа научно-спортска конференција.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014