Контакт

ОТВОРЕНИ 29-ТЕ ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2008

 10-08-2008
                                                                            

ОТВОРЕНИ 29-ТЕ ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2008

ЕДЕН СВЕТ, ЕДЕН СОН. Извонредно, спектакуларно отварање на Летните олимписки игри во Пекинг со учество на околу 22.000 изведувачи, со користење на најмодерни ласерски уреди и сценарио од кое застанува здивот. Најдобрите спортисти од светот, претседатели на 204 Национални олимписки комитети заедно со своите кралеви, претседатели, премиери, министри за спорт. Сите собрани на едно место, на еден од најубавите спортски стадиони во светот. Македонската олимписка екипа, настапи како 13 по ред, за жал и на големо разочарување на сите членови на олимписката делегација, под привременото име под кое сме примени во Обединетите Нации.


                      

Инаку се беше во ред до 18:40 минути, кога пред автобусот, пред олимпиското село, на официјалниот банер, носен од официјалното лице на Организациониот комитет на Олимписките игри, беше испишано името Република Македонија, во кинеска транскрипција. Покрај нас на трибината на стадионот, требаше да бидат и националните олимписки екипи на Бенин, Албанија и Белгија.

 (Превод од Кинески: Република Македонија)

По влегувањето на спортскиот терен видовме дека таблата е променета, односно преку нашето име, Република Македонија е ставено нов натпис односно е напишано привременото име.



Иако претходните две недели, од страна на кинеските организатори бевме уверувани дека се ќе биде како што е договорено, и покрај тоа што на церемонијата на подигнување на знамето бевме најавени како Република Македонија, поради исклучително силното противење на Владата на една држава, во тесна соработка со нивниот национален олимписки комитет, донесена е одлука за компромис и за промена на ставот.

Македонскиот олимписки комитет ги превзема сите можни чекори да ја промени оваа ситуација, но одлуката на еден час пред започнување на церемонијата беше донесена.

Според зборовите на нашите олимпијци, ова претставува само уште еден во низата дополнителни стимули за постигнување на што подобри резултати на олимписките арени.

                                         

Информации во врска со настапот на македонските спортисти на ЛОИ ПЕКИНГ 2008, може да се добијат од страна на Генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски на телефонскиот број +8613911872669 или на адреса на електронска пошта: мкд@беијинг2008.цн .
Истите редовно ќе бидат обновувани на официјалната веб страна на Македонскиот олимписки комитет.

Meдиумите имат право да превземат информации и слики од веб страната на Македонскиот олимписки комитет, со тоа што на крај од текстот треба да наведеат:
"Информациите (сликите) се превземени од веб страната на Македонскиот олимписки комитет www.mok.org.mk".

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014