|
|
|
|
ОЛИМПИСКА ОБУКА НА СТРУЧЕН КАДАР |
|
21-05-2009 |


ОЛИМПИСКА ОБУКА НА СТРУЧЕН КАДАР
Во периодот 19-22 Април 2009 година, во Лозана се одржа завршниот испит од Меѓународниот програм за обука на тренери во организација на Американскиот олимписки комитет, Меѓународниот олимписки комитет и на Универзитетот Делавер од Соединетите Американски Држави. На овој испит претходеше речиси двомесечна обука (29 Септември-21 Октомври 2008 год.), кој се одржа во Олимпискиот центар Чула Виста (САД) и на Универзитетот Делавер.

Нашиот олимпиец, Атанас Николовски, како претставник на Македонскиот олимписки комитет успеа да ја искористи оваа можност и се здоби со сертификат/лиценца за завршена обука и со тоа стана првиот тренер во кајак на диви води, не само во Македонија туку и во светот кој со голем успех ја заврши својата одбрана пред петчлената комисија. На оваа обука присуствуваа 26 тренери од целиот свет, претставници на 13 спорта. 
*********************************************************************************************************************************** Меѓународен семинар за физичка подготовка на спортистите
(Рим, Италијански олимписки комитет, Април 2009)
На иницијатива на Македонскиот олимписки комитет, а како резултат на интензивната соработка со Италијанскиот олимписки комитет, во Рим (Италија), на обука за специјализација на посебна физичка подготовка заминаа претставниците на Македонскиот олимписки комитет, г-дин Глигор Caнев предложен од Македонската Тениска Федерација и г-дин Стојан Поповски предложен од Триатлон федерацијата на Македонија. Тие за време на семинарот имаа можност да бидат дел од обуката за унапредување на специјалната физичка подготовка, посебно на брзината и на брзинската издржливост. Предавањата беа одржани од страна на еминенетни спортски експерти од националните спортски институти од Сојузна Република Германија, Велика Британија, Куба, Италија, САД, Венецуела, Шпанија и други држави. На семинарот присуствуваа повеќе од 130 делегати, вклучувајќи повеќе од 50 спортски експерти. ************************************************************************
Камп на ИОК за обука на кошаркарски тренери (Будимпешта, Унгарија, лиценциран Универзитет на Меѓународниот олимпипски комитет)  Веќе втор месец, во Будимпешта, на Меѓународна обука за кошаркарски тренери во специјализираниот кошаркарски камп на Меѓународниот олимписки комитет, се наоѓа Димче Гаштарски, кој оваа обука ја доби како стипендија обезбедена од страна на Македонскиот олимписки комитет. Димче Гаштарски по завршувањето на курсот ќе полага пред комисија составена од претставници на ФИБА, ИОК како и на Универзитетот Семелвајз од Будипешта, Унгарија. Универзитетот Семелвајз поседува лиценца на ИОК за обука на тренери, а член е и на Меѓународниот совет за обука на тренери.
|
| Назад |
|
|
|
|
|