ПОГРЕБАН ХУАН АНТОНИО САМАРАНЧ
Денес (22/04/2010 година) беше погребан Хуан Антонио Самаранч, поранешниот претседател на ИОК, човекот кој го препороди Олимпиското движење.


Пред ќерката Марија Тереза Самаранч, синот Хуан Антонио Самаранч помладиот и илјадници други присутни, претседателот на ИОК, д-р Жак Рог, одржа говор со кој Олимпиското движење се прости од својот поранешен лидер. “Претседателот Самаранч беше највлијателниот човек на Олимпиското движење по баронот Пјер де Кубертен“ го започна својот говор Жак Рог. “Во името на Олимпиското движење би сакал да го изразам моето топло сочуство до семејството. Вие го изгубивте најсаканиот татко и дедо. Шпанија изгуби славен син, а олимпиското движење изгуби голем лидер, ментор и пријател“.
********************************************************************
ПОЧИНА ХУАН АНТОНИО САМАРАНЧ

Денес (21/04/2010 г.), на 89 годишна возраст, во Барселона, почина почесниот претседател на ИОК (Меѓународниот олимписки комитет), г-динот Хуан Антонио Самаранч. Хуан Антонио Самаранч беше претседател на Меѓународниот олимписки комитет во периодот 1980 – 2001 година, по што се повлече како претседател со втор по ред должина на мандат како водечка личност на олимпиското движење. Тој важи како човек кој ја промени структурата на ИОК и го трансформира највисокиот олимписки орган во една силна, искрена, длабоко почитувана и движечка сила на глобално ниво.

Д-р Жак Рог, Д-р Васил Тупурковски и Д-р Хуан Антонио Самаранч (2001 г. Скопје, Македонија)

Д-р Хуан Антонио Самаранч (2001 годиниСкопје, Македонија)
По овој повод, претседателот на ИОК, Д-р Жак Рог изјави: “Не можам да најдам зборови кои што ќе ја искажат тагата на Олимпиското семејство. Лично, длабоко сум натажен од смртта на човекот кој што ги изгради Олимписките игри на модерната ера, човекот кој ме инспирирше и чие што знаење за спортот беше навистина извонредно. Благодарејќи на неговата извонредна визија и талент, Самаранач беше архитект на силно и обединето Олимписко движење. Можам само да се поклонам на неговите извонредни достигнувања, наследство и вредности на Олимпиското движење кои тој ги остави во Олимпиското движење. Изгубивме голем човек, ментор, ментор и другар кој го посвети неговиот долг и исполнет живот на Олимпизмот“.

Д-р Хуан Антонио Самаранч и Д-р Жак Рог (2010 г., Ванкувер, Канада)
Претседателот на МОК, Д-р Васил Тупурковски, во име на Македонскиот олимписки комитет, испрати телеграми на сочуство до семејството Самаранч, до Шпанскиот и до Меѓународниот олимписки комитет. Хуан Антонио Самаранч во четири наврати доаѓаше во посета на Македонскиот олимписки комитет, секогаш понудувајќи ја својата несебична помош за изградба и унапредување на олимпизмот и спортот во Македонија.
Почивај во мир, наш претседателе, наш драг пријателе!