|
|
|
|
МАКЕДОНИЈА СО 4 СПОРТИСТИ НА ЕМОФ 2009 (Тампере, Финска) |
|
25-07-2009 |
|
МАКЕДОНИЈА СО 4 СПОРТИСТИ НА ЕМОФ 2009 (Тампере, Финска)
По предлог на спортските федерации, а со одлука на спортскиот директор на МОК на традиционалниот 10-ти Европски младински олимписки фестивал кој оваа година ќе се одржи од 19 до 24 јули во Тампере, Финска ќе настапат и 4 македонски спортисти во 4 спортски дисциплини.  На атлетските натпревари ќе настапи Бојан Милчевски (тренер Божурка Ѓошевска). На тениските терени ќе се појави Васка Трајкова (тренер Владимир Андонов). Горазд Чепишевски ќе се појави на пливачките натпревари (тренер) Боро Блажевски, а на гимнастичките Иван Крстевски (тренер Трајче Ефремов). Шеф на делагацијата ќе биде Спортскиот директор на МОК, г-дин Владимир Богоевски. Нашата делегација ќе биде облечена во спортската опрема на нашата реномирана компанија, задолжена за производтсво на спортскамопрема, МАКСПОРТ (повеќе...). Свеченото отварање на игрите е закажано за 19 јули, а младите спортисти од Европа ќе настапат во поединечните спортови атлетика, велосипедизам, гимнастика, џудо, пливање, тенис како и во екипните кошарка, ракомет и одбојка.
|
| Назад |
|
|
|
|
|