 MOK ОБЕЗБЕДИ 100.000 ДОЛАРИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА МЛАДИ СПОРТИСТИ
Македонскиот олимписки комитет во рамките на својата олимписка програма, во однос на идентификација на млади спортисти, за 2010 година, обезбеди 100.000 американски долари.
Младите спортисти најнапред ќе треба да бидат идентификувани од страна на МОК, националните спортски федерации и од меѓународните спортски федерации, пред се врз основа на добрите спортски резултати на младите таленти.
Исто така, со оваа програма ќе бидат опфатени и оние спортисти кои ќе добијат универзални места (вајлд карти) за настап на првите Младински олимписки игри во Сингапур 2010 година.
 Програмата ќе се реализира преку следните проекти:
Проектот бр. 1 – Идентификација на млади таленти ќе опфати:
- Создавање на Национална структура за идентификација на талентите.
- Продолжување на развој на постоечките програми во соработка со МСФ и НСФ.
- Имплементација на постоечките национални програми.
- Организација на краткотрајни национални и меѓународни проекти за идентификација на таленти.
Проектот бр.2 – Учество на квалификации за Првите младински олимписки игри Сингапур 2010 ќе опфати:
- Финансиска помош за покривање на дел од трошоците за учеството на млади
спортисти на квалификациони натпревари за МОИ.
- Финансиска помош за покривање на дел од трошоците за учеството на млади
спортисти на тренинг кампови за МОИ (за оние со универзални места).
Проектот бр.3 – Подготовки на младите талентирани спортисти кои избориле учество на Првите младински олимписки игри Сингапур 2010 ќе опфати:
- Финансиски средства за тренинг на млади спортисти за учество на МОИ во соработка со МСФ, во лиценцирани тренинг центри низ светот.

За проектот бр. 1 обезбедени се 50.000,оо американски долари, а исто толку (50.000,оо американски долари) се обезбедени и за проектите бр.2 и 3.
Вкупно за проектите бр. 1, 2 и 3, за 2010 година, обезбедени се 100.000,оо американски долари.
Програмите на МОК, ќе се спроведуваат во тесна соработка со Националните спортски федерации (НСФ), Меѓународните спортски федерации (МСФ) и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Македонскиот олимписки комитет, заради подобра организација на распределба на средствата, првенствено ќе ги разгледува оние апликации за млади спортисти со најдобри спортски резултати кои ќе пристигнат во МОК, најмалку три месеци пред предвидената активност.
|