Контакт

ПРОДОЛЖУВАТ ПОДГОТОВКИТЕ НА НАШИТЕ НАЈДОБРИ БОРАЧИ

 21-04-2010
 

                      ПРОДОЛЖУВАТ ПОДГОТОВКИТЕ НА НАШИТЕ НАЈДОБРИ БОРАЧИ
                                                              Главна цел - ЛОНДОН 2012

                           

По враќањето во Скопје и освојувањето на 5-тото место на Дејан Богданов и 7-то место на Дејан Митров на Европското првенство во Баку, нашите најдобри борачи денес, во просториите на МОК имаа работен состанок со спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, г-динот Владимир Богоевски, каде што ги изнесоа своите видувања за нивниот настап. Заедно со нивниот тренер, селекторот Страшо Глигоров, направена беше првична анализа на нивното учество на ЕП и беше разговарано за подготвителниот период, кој предстои пред Светското првенство во Москва (септември, 2010 година).

Од следната недела, по налог на Македонскиот олимписки комитет, тие треба да се јават на спортско-медицински прегледи во КИНЕТИКУС, а потоа ќе се одреди и планот и програмот на нивните понатамошни подготовки.

Македонскиот олимписки комитет целсоно застана зад нашите борачи и за нив обезбеди исхрана, теретана, спортско-медицински прегледи, две неделни базични подготовки во Бугарија како и целсоно финансиски покриено учество на Европското првенство во Баку како дел од заедничките аспирации за учество на ЛОИ ЛОНДОН 2012.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014