
30-ти семинар на Генералните секретари на Европските олимписки комитети
Во Дубровник, Република Хрватка, во периодот 14-17 Мај 2009 година, се одржа 30-тиот семинар на Генералните секретари на Европските олимписки комитети (ЕОК). По воведниот извештај од страна на Генералниот секретар на Асоцијацијата на Националните олимписки комитети (АНОК-и), г-ица Гунила Линдберг, се пристапи кон презентација на стратегијата за финансирање и структурата на организација на работата на Националните олимписки комитети (НОК-и). Посебен осврт дадоа НОК-и на Норвешка (95% од вкупниот годишен буџет доаѓа од страна на Норвешката Влада) и на Хрватска (86% од вкупниот годишен буџет доаѓа од страна на Хрватската Влада).

Интересна и многу корисна презентација во однос на пристапот на НОК-и кон подготвките за учество на Олимписки игри, имаше директорот на Организациониот комитет на Олимписките игри Пекинг 2008, г-дин Ласло Вајда.
Имплементацијата на соодветни анти-допинг програми имаше и новиот Директор на Европската канцеларија на Светската Анти-допинг Агенција, г-дин Кели Феарведр, а како пример за успешна работа на полето на анти-допингот беше презентирана Анти-допинг програмата на Данскиот олимписки комитет.
Креирање на планови за настап на Олимписките игри имаа НОК-и на Германија, Шведска, Чешка и Русија, а беше презентирана и Олимписката програма за игрите во ВАНКУВЕР 2010 и ЛОНДОН 2012.
Младинските олимписки игри во Сингапур 2010 како и Летниот Европски младински олимписки фестивал во Тампере, беа исто така теми кои предизвикаа голем интерес на сите присутни, а посебно голем интерес привлече програмата на Олимписката солидарност за периодот 2009-2012.
Програмата за олимпискиот конгрес кој треба да се одржи во периодот 3-5 октомври 2009 година во Копнхаген, Данска, беше презентирана и детално објаснета од страна на директорот за односи со НОК-и на ИОК, г-дин Пере Миро.
На овој семинар, исто како и на средбата на НОК-и на Централна и Југо-источна Европа во Будва, се водеа официјални разговори за приемот на Македонскиот олимписки комитет во Меѓународниот комитет на Медитеранските игри, но и за добивање на помош за унапредување на спортот во Македонија.
Следниот, 31-иот семинар на Генералните секретари на ЕОК-и ќе се одржи 2010 година во Ла Валета, Малта.