ДОГОВОР ЗА ДОЛГОРОЧНА СОРАБОТКА МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ - КОРЕА АУТО ТРЕЈД
Денес (16/03/2009 година) се потпиша официјален четиригодишен договор за партнерство помеѓу МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ и КОРЕА АУТО ТРЕЈД (КОRЕА AUTO TRADE).

 Договорот свечено го потпишаа Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупурковски и Генералниот директор на КОРЕА АУТО ТРЕЈД (КОRЕА AUTO TRADE), г-динот Вилјем Хорват.
 КОРЕА АУТО ТРЕЈД (КОRЕА AUTO TRADE), официјален застапник на ХЈУНДАИ за Македонија, е еден од најголемите поддржувачи на спортот и олимпизмот во светот и двете страни се посебно горди и задоволни од постигнувањето на договорот за долгорочна соработка.
 Македонскиот олимписки комитет е посебно горд што КОРЕА АУТО ТРЕЈД (КОRЕА AUTO TRADE) е дел од долгата листа на спонзори и официјални партнери кои го поддржуваат олимпизмот и спортот во Македонија.

|