|
НОВИ СПОРТОВИ НА ПРОГРАМАТА НА ИОК
УО на ИОК на состанокот одржан во Берлин, на 13 Август 2009 година, го одобри вклучувањето на боксот за жени во програмата за ЛОИ ЛОНДОН 2012. Во боксот, 11-те категории ќе бидат заменети со 10 (десет) во машка конкуренција и 3 (три) во женска конкуренција.
 УО на ИОК (Берлин, 13 Август 2009 година)
Промени има и во кајак-кану, во дисциплината Ц2 500 метри за мажи која се заменува со дисциплината К1 200 метри за жени, а замена ќе има и на преостанатите три спринта за мажи на 500 метри со 200 метри спринт.
Во модерен петобој, одобрен е нов комбиниран формат на натпреварување. Одстрането е и разигрувањето за пласман на ОИ во ракомет.
УО на ИОК се согласи да го разгледа предлогот и во декември оваа година да донесе одлука за вклучување на мешани двојки во тенис проследен со конечен одговор од ИТФ во однос на учество на првопласираните односно прворангираните сингл тенисери. Ќе бидат разгледани и молбите за додавање на нови дисциплини во борење, пливање и велосипедизам, молби кои пред се се однесуваат на рамноправноста на половите.
Нови спортови на програмата на ЛОИ 2016
УО на ИОК одлучи да достави предлог голфот и рагбито да бидат вклучени во програмата за ЛОИ 2016.
 Членови на Меѓународанта рагби и голф федерација кои во Берлин изборија потенцијално учество на ЛОИ 2016
„Сите седум спорта имат силни причини да бидат вклучени на програмата на ЛОИ 2016 и УО внимателно, на фер и транспарентен начин ги разгледа нивните апликации. На крајот беше донесена одлука голфот и рагбито да бидат вклучени во програмата. Секако, сигурни сме дека овие два спорта ќе дадат голем придонес кон развојот на Игрите“ – истакна Д-р Жак Рог кој избра да неучествува во гласањето.  Д-р Жак Рог (претседател на ИОК) и Ламин Диак (претседател на ИААФ)
Фактори кои најмногу влијаат на подобноста за вклучување на програмата на ЛОИ се самиот прием, универзалноста, популарноста, доброто водење (од страна на соодветната федерација), почитта кон спортистите и почитта кон олимписките вредности.
„Голфот и рагбито имаа највисоки оценки според сите овие критериуми“ истакна Д-р Жак Рог. „Овие два спорта имаат глобален прием, географски се добро распространети, имаат врвни спортисти кон кои се гледа како икони и развиена етика која го потенцира фер плејот.
Конечната одлука за вклучувањето на нови два спорта на програмата на ЛОИ 2016 ќе биде донесена на 2 Октомври 2009 година, во 18:30, за време на Олимписиот конгрес ко јќе се одржи во Копенхаген, Данска.
|