|
  Обезбеден фонд од 30,000 евра за подготовка на нашите олимпијци за ОИ ЛОНДОН 2012 - МОК со свој претставник во комисиите на ЕОК
Во периодот 27-29 Мај 2010 година, во Малта, се одржа Олимписки семинар за претставниците на 49-те Национални европски олимписки комитети на кој главна тема беше соработката со јавните авторитети, автономијата и независноста на Националните спортски тела, финансиската помош која Владините органи ја доделуваат на спортот и можноста за загрозување на автономноста и независноста на националните спортски организации. Пред почетокот на семинарот, се одржа седница на Управниот одбор на Европскиот олимписки комитет (ЕОК), на кој едногласно за нов член на Комисијата за меѓунродна соработка на ЕОК, беше избран Генералниот секретар на МОК, Д-р Сашо Поповски, со што за прв пат МОК има директен претставник во оваа највисока европска спортска институција.  Претседателот на ЕОК, Патрик Хики и Ген. секретар на МОК, Сашо Поповски
За Македонскиот олимписки комитет оваа беше плоден состанок и заради средбата на Генералниот секретар на МОК, Д-р Сашо Поповски и Шефот на Одделението за соработка со Националните олимписки комитети на Организациониот комитет на ОИ ЛОНДОН 2012, г-динот Џемс Меклод и Претседателот на Британскиот олимписки комитет, Лордот Колин Мојнихан, од кои се доби потврда за активирање на фондот во износ од 30,000 евра, наменет за МОК односно за подготовка на македонските спортисти за следните олимписки игри. Следниот состанок ќе се одржи во Порторож, Словенија, во 2011 година.  Претседателот на БОК, Лордот Колин Мојнихан и Ген. секретар на МОК, Сашо Поповски
|