Контакт

ПИСМО НА СОЧУСТВО ДО ЈАПОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

 11-03-2011

     

ПИСМО НА СОЧУСТВО ДО ЈАПОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ
И ДО ЈАПОНСКИОТ НАРОД


Скопје (11/03/2011 г.)


Денес, 11/03/2011 година, Јапонија беше погодена од силен земјотрес, кој предизвика појава на цунами кои ја погодија Јапонија, нанесувајќи при тоа голем број на човечки жртви и огромна материјална штета при што голем број на луѓе останаа без своите домови.

По тој повод, Македонскиот олимписки комитет испрати најискрени зборови на сочуство до претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, г-дин Цунеказу Такеда и до генералниот секретар, г-дин Норијуки Ичихара.
 
Во писмото меѓу другото се вели дека
Македонскиот олимписки комитет со големо жалење ја прими веста за големата природна катастрофа предизвикана од земјотресот и цунамито, кои што денес ја погодија Јапонија. Ви ги упатуваме нашите најискрени зборови на сочуство со Јапонскиот народ и Јапонскиот олимписки комитет и ве молиме во оваа прилика да ги пренесете овие наши зборови до семејствата на трагично загинатите. Во рамките на нашите можности, ви ја нудиме нашата најискрена помош која може да ви помогне во овие тешки моменти за вас. Македонскиот олимписки комитет никогаш нема да ја заборави несебичната помош која народот на Јапонија ја понуди на Македонија, кога нашиот главен град, Скопје, во 1963 година беше погоден од катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 1000 луѓе, кој уништи околу 80% од нашиот град и кој остави околу 200.000 луѓе без кров на глава.
 
Наши искрени и почитувани олимписки пријатели,
повеќе сме од сигурни дека, уште еднаш, народот на Јапонија, помогнат од целиот свет, ќе ги надмине овие тешки моменти и уште еднаш ја изразуваме нашата подготвеност да му помогнеме на Јапонскиот олимписки комитет и на народот на Јапонија, во овие тешки моменти. Македонскиот олимписки комитет е со вас! “

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014