ВО ПЕКИНГ ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР




Иако, изложбата на слики од Малиот Битолски Монмартр, е поставена во најпосетуваниот дел од Олимпиското село („Olympic Sport Viewing Сenter") уште од 29 Јули 2008 година, поради големиот број на исклучителни спортски настани, официјалното отворање на изложбата од страна на Престедателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупурковски, беше одржано вчера, 18 Август 2008 година. До денес, изложбата ја имаат посетено околу четири илјади спортисти, тренери и други. Постои голема заинтересираност за сликите и сите посетители едногласно изјавуват дека се воодушевени од сликите на децата на тема „Олимпизмот во 21 век“.
=================================================
ЗАВРШИ НАСТАПОТ НА НАШИТЕ СПОРТИСТИ НА ЛОИ ПЕКИНГ 2008

Мурад Рамазанов за време на последната борба против борач од Азербејџан, Зелимхан Хусејнов
Вo својот прв настап на Олимписките игри во Пекинг, Мурат Рамазанов, го совлада турскиот претставник Одабаси Тевфик (http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/BIO/Athlete/9/233539.shtml) со 3:1, победа со технички поени. Борбата не започна најдобро за нашиот претставник и Тевфик поведе во првата рунда со 7:0. Сепак, во следните две рунди, Мурад Рамазанов имаше мошне убедлив и мудар настап и ги доби со 2:0, со што ја извојува првата победа.
Во следната борба, против кореанецот Ким Јонг-Дае (http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/BIO/Athlete/7/244527.shtml), нашиот борач Мурад Рамазанов извојува рутинска победа (3:1).
Во третата борба на Олимписките игри Мурад Рамазанов, наиде на рускиот шампион, олимпискиот и светскиот првак, Мавлет Батиров (http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/BIO/Athlete/1/201821.shtml). Тоа беше мошне тешка борба, полна со многу надмудрувања. На крај, рускиот претставник извојува победа со 3:0 и се пласира директно во финалето каде што ќе се сретне со претставникот на Украина, Васил Федоришин.
Во четвртата, последна борба на Олимписките игри во Пекинг, Мурад Рамазанов го загуби мечот против првакот на Азербејџан, Зелимхан Хусејнов и со овој пораз тој го освои седмото место на Олимписките игри во Пекинг
(http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/INF/WR/C75/WRM260000.shtml#WRM260514).
=============================================================
Информации во врска со настапот на македонските спортисти на ЛОИ ПЕКИНГ 2008, може да се добијат од страна на Генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски на телефонскиот број +8613911872669 или на адреса на електронска пошта: мкд@беијинг2008.цн .
Истите редовно ќе бидат обновувани на официјалната веб страна на Македонскиот олимписки комитет.
Meдиумите имат право да превземат информации и слики од веб страната на Македонскиот олимписки комитет, со тоа што на крај од текстот треба да наведеат: "Информациите (сликите) се превземени од веб страната на Македонскиот олимписки комитет www.mok.org.mk".