|
|
|
|
ЧЕСТИТКИ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ! |
|
04-02-2009 |
 ЧЕСТИТКИ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ!
Македонскиот олимписки комитет им го честита успехот на македонските ракометари, постигнат за време на Светското првенство во Хрватска. Македонските репрезентативци со освојувањето на 11-тото место, а посебно со пожртвуваната игра, борбеноста и упорноста покажаа како се бранат боите на својата земја.
Во оваа прилика Македонскиот олимписки комитет му честита и на Кирил Лазаров, за освоената титула најдобар стрелец на Светското првенството, кој со 92 гола е и најефикасен играч на сите светски првенства (најголем број на постигнати голови на едно светско првенство).

Македонскиот олимписки комитет верува во квалитетот и посебно во идните резултати на сите македонски репрезентативци, без исклучок и верува дека на идните ЛОИ во ЛОНДОН 2012, ќе го имаме и првиот претставник на олимписките игри во екипните спортови.
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ
|
| Назад |
|
|
|
|
|