
МОК ЗАСТАНА ЗАД НАШИТЕ НАЈДОБРИ БОКСЕРИ
Во просториите на МОК беше презентирана програмата на БФМ, зад која застана Македонскиот олимписки комитет и според која нашите боксери, најнапред, ќе заминат на подготовки во Бугарија, каде што ќе се подготвуваат заедно со најдобрите боксери од Бугарија, Куба, Русија, Узбекистан и други боксерски велесили.
Македонскиот олимписки комитет за нашите најдобри боксери, покрај целосно (финансиски) покриени подготовки, обезбеди и специјални медицински прегледи и контроли во центарот за спортска медицина „КИНЕТИКУС“, специјална исхрана со нутриционистички додатоци и суплементи во ресторанот “ДМ“ (домашна кујна) како и спортска опрема од Македонскиот олимписки комитет.

Руждија Калач, Вели Мумин и Примислав Димовски
Исто така, Македонскиот олимписки комитет, за нашиот најдобар боксер, Примислав Димовски, до Олимписките игри во ЛОНДОН 2012 обезбеди учество во тренинг камповите на АИБА, под раководство на најдобрите светски тренери и во најпознатите тренинг центри во светот нешто што беше обезбедено во директна комуникација со Светската Боксерска Федерација (АИБА) поточно со нејзиниот претседател г-динот Чинг Ку Ву (повеќе...).
На 16/02/2010 година нашите најдобри боксери ќе учествуват на традиционалниот турнир „СТРАНЏАТА“ (Јамбол, Бугарија), а потоа ќе следат завршните подготвки за ЕП во бокс кое ќе се одржи во Москва (Русија) и е главен спортски настан кој е заедничка цел за 2010 година.

Македонскиот олимписки комитет верува дека со условите кои им ги обезбеди на нашите најдобри боксери, добрите спортски резултати нема да изостанат и дека на предстојното ЕП нашите боксери повторно ќе не израдуваат со одлични резултати.

Ние веруваме во нив!
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ