Контакт

Во просториите на МОК се одржа семинар за фер-плеј во организација на Македонската олимписка академија

 13-12-2007
Олимписката академија на Македонскиот олимписки комитет  во рамките на своите програмски активности организираше семинар за фер-плеј на кои присуствуваа претставниците на спортските федерации и спортистите.
Во првата фаза од семинарот кој го водеа проф-др Кирил Темков и Претседателот на комисијата за фер-плеј на МОК Владимир Богоевски се разговараше за фер-плејот како основа на спортската етика. “Фер-плејот е неоделив од спортот и спортистите, тоа е основа на спортската етика. Тој претставува афирмација на спортот како морална форма на човештвото, каде што исправноста на дејствувањето ја овозможува радоста на играта, откривањето и претставувањето на безграничните капацитети на човековата личност” накратко ја објаснува тезата за фер-плејот проф д-р Кирил Темков. Семинарот продолжува со втората фаза во вторник.
Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014