Контакт

НАЈМАЛКУ 30% ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ИЗВРШНИТЕ СПОРТСКИ ТЕЛА МОРА ДА БИДАТ ЖЕНИ!

 15-03-2008



Во организација на МОК, на 11 март 2008 година, беше организиран семинар на тема “Застапеноста на жената во спортот, во спортските институции и организации“.

Главна насока на семинарот беа искуствата на земјите од Европската Унија, во кои постојат законски одредби според кои најмалку 30 % (пожелно е 50% или повеќе) од членовите на Извршните тела на националните спортски институции мора да бидат жени, нешто што и ние, во Република Македонија, мора да го имплементираме во нашиот Закон за спорт!

Во дискусијата, во која учествуваа околу 30 претставнички од повеќе национални спортски федерации, поранешни и сегашни истакнати спортисти и спортски работници, универзитетски професори, педагози од предучилишна возраст и од воспитно-образовниот процес ја наложија потребата од многу поголемо учество на жената на сите нивоа на организација на спортот.

Бројните учеснички на семинарот забележаа дека жените во македонскиот спорт се целосно запоставени. Покрај тоа, повеќе од евидентна е недоволната застапеност на стручни лица од женската популација како тренери, судии, медицински лица, психолози и педагози.

На крајот на семинарот произлегоа заклучоци според кои ќе треба да се изработат проекти за зголемување на целокупната спортска активност на жените, а најмногу во однос на нивно зголемено учество во спортскиот менаџмент и во извршните тела на националните спортски институции.

 

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014