|
|
|
|
УНАПРЕДЕНА ДОСЕГАШНАТА МАКЕДОНСКО ТУРСКА ОЛИМПИСКА СОРАБОТКА |
|
25-03-2011 |

|
  УНАПРЕДЕНА ДОСЕГАШНАТА МАКЕДОНСКО ТУРСКА ОЛИМПИСКА СОРАБОТКА
|
|

|
|
На 25 Март 2011 година, во Истанбул, Турција, во седиштето на Турскиот олимписки комитет се одржа состанок меѓу Генералните секретари на Македонскиот и Турскиот олимписки комитет, д-р Сашо Поповски и д-р Неше Гундоган. Оваа средба беше искористена да се договорат нови бенифиции за македонските спортисти, од јуниорска до сенинорска конкуренција, да можат да тренираат, да се усовршуваат и да се подготвуваат во Турција пред големите спортски настани и при тоа да ги користат искуствата и знаењето на турските експерти (тренери) и турските спортски објекти кои се наменети за подготовки на врвните спортисти. Инаку Турција оваа година е домаќин на голем број Европски и Светски првенства, Европски младински олимписки игри, а по две години е домаќин и на Медитеранските игри. |
|

|
|
Престојот во Истанбул, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски го искористи за средба со најдобрите македонски борачи, кои се повеќе од две недели на заеднички подготовки со најдобрите турски борачи. Овие подготовки, кои беа обезбедени од Македонскиот олимписки комитет, се во насока на подигнување на спортската форма на нашите најдобри борачи, а со крајна цел постигнување на добри резултати на Европското првенство во борење, кое треба да се одржи во Дортмунд, Германија во периодот 29-31 Март 2011 година како и на Светското првенство кое ќе се одржи во септември, токму во Истанбул, Турција. |
|
| Назад |
|
|
|
|
|