|
|
|
|
Атанас Николовски и Симона Маринова на базични подготовки |
|
06-02-2011 |
|
Атанас Николовски и Симона Маринова на базични подготовки |
|

|
|
Атанас Николовски, нашиот најдобар кајакар на диви води, во периодот од 2 до 20 Фебруари, ќе биде на базични подготовки во Атина, Грција, каде што ќе се подготвува заедно со најдобрите светски кајакари. Во речиси исто време односно од 6 до 26 Фебруари, нашата најдобра пливачка Симона Маринова ќе замине на базични висински подготовки во Белмекен, Бугарија каде што заедно со својот тренер Владимир Пејковски ќе се обиде што подобро да се подготви и да постигне врвни резултати, посебно на предстојното Светско првенство во Шангај (Кина) 16-31 Јули 2011 година. МОК силно верува дека оваа финансиска и логистичка инвестиција за покривање на базичните подготовки, со сигурност ќе биде вратена со одлични резултати и олимписка норма.
|
|
| Назад |
|
|
|
|
|