Контакт

МОК обезбеди рекордна четврта Олимписка едукација за тренери во САД

 03-07-2011


МОК обезбеди рекордна четврта Олимписка едукација за тренери во САД
МАЧЕВАЛЦИТЕ СО ОЛИМПИСКА ТРЕНЕРСКА ЕДУКАЦИЈА

Марко Исајловски (мачевалство) е четвртиот тренер кој Македонскиот олимписки комитет го испраќа на обука и усовршување во САД, а во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Американскиот олимписки комитет (АОК), Меѓународната мачевалска федерација и Универзитетот Делавер. Македонскиот олимписки комитет го изразува своето големо задоволство што е единствен олимписки комитет во светот, кој четврти пат по ред (во последните четири години) испраќа тренери на усовршување во Олимпискиот центар во Колорадо Спрингс (САД) и на Спортскиот Универзитет во Делавер. Инаку, вредно за споменување е дека ИОК во својата програма предвидува еден национален олимписки комитет да може еднаш на четири години да испраќа тренер на обука во САД преку оваа програма. Оваа година, оваа привилегија ја имаат околу 20-ина тренери од целиот свет кои заедно со нашиот Марко Исајловски беа избрани во конкуренција од над 100 тренери од целиот свет. Да потсетиме дека корисници на оваа програма беа Атанас Николовски (2008-кајак), Игор Паскоски (2009-џудо), Зоран Мирковиќ (2010-таеквондо) и Марко Исајловски (2011-Мачевалство).

Американските експерти за време на двомесечната престој во САД, извршуват обука на тренерите во области како што се спортската исхрана, спортска медицина, управување и третирање на повреди и превенција, спортска психологија и спортска физиологија, биомеханика, моторика, спортска администрација, како и развој и имплементација на најновите тренерски методи во мачевалството. Учесниците поминуваат и дополнителни две недели на Универзитетот Делавер и присуствуваат на предавања и презентации на различни теми од тренерското образование и најнови теми од науката во спортот. Следи практична работа и комуникација со тренерите од Американската мачевалска федерација како и работа со елитните мачевалски клубови од САД. Во Американскиот олимписки тренинг центар во Колорадо Спрингс ќе продолжат предавањата и работата во групни активности во текот на две недели подучени од експертите на Американскиот олимписки комитет за развој на спортските перформанси на спортистите. Во мај 2012 година, учесниците ќе ги презентираат своите проекти пред Академски одбор во седиштето на ИОК во Лозана, Швајцарија. Проектот на Марко Исајловски, кој треба да го помогнат и Македонскиот олимписки комитет и Мачевалската федерацијата на Македонија, ќе се фокусира кон изработка на квалитетна олимписка програма за развој на млади мачевалци.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014