|
|
|
|
МОК обезбеди нова помош за развој на Гимнастиката во Македонија |
|
06-06-2011 |

|
МОК обезбеди нова помош за развој на Гимнастиката во Македонија ПРОШИРУВАЊЕ НА ОЛИМПИСКАТА СОРАБОТКА СО РОМАНИЈА |
|

|
|
Како резултат на интензивнта комункација и одлична соработка меѓу Македонскиот и Романскиот олимписки комитет, минатата недела беше договорена уште една помош за развој и унапредување на Олимпиското движење и спортот во Македонија. Во директни контакти со претседателот на Романскиот олимписки комитет и претседателот на Романската гимнастичка федерација, Македонскиот олимписки комитет, успеа да обезбеди помош за Федерацијата за Гимнастички спортови на Македонија. |
|

|
|
Ова значи дека нашите најдобри млади гимнастичари, но и тренерскиот кадар од Македонија ќе можат напорно да работат и да го унапредат своето знаење во директна комуникација и соработка со најдобрите светски тренери од Романија. Сето ова ќе биде реализирано преку искористување на најдобрите можни услови за развој на гимнастиката, нешто што го нуди гимнастичката академија во Олимпискиот спортски центар “Изворани“, во Букурешт.
Инаку, овој Олимписки центар беше изграден од страна на Владата на Република Романија и во 2007 година беше свечено предаден во целосно владение на Романскиот олимписки комитет. Олимпискиот комплекс “Изворани“ се состои од едно фудбалско игралиште, три спортски сали за ракомет, кошарка и одбојка, една гимнастичка сала, четири тениски игралишта, олимписки базен, едно вештачко езеро, олимписки хотел за спортистите и една голема конференциска сала. Романскиот олимписки комитет дозволува користење на овој олимписки комплекс исклучиво на најдобрите олимпијци и олимписки екипи од Романија. |
|

|
|
| Назад |
|
|
|
|
|