Контакт

ОЛИМПИСКА АНТИ-ДОПИНГ ПРОГРАМА...

 21-03-2008
На 21 и 22 Април 2008 година, во Скопје, во организација на Здравствената Комисија на Македонскиот олимписки комитет ќе се одржи олимписки Анти-допинг семинар. Предавачите се едни од најдобрите светски експерти за креирање, имплементација и развој на квалитетни анти-допинг програми.

Предавачи:
Д-р Кристина Цицибику, од Република Грција, Главен менаџер за Анти-допинг на Олимписките игри во АТИНА 2004. Сега работи во Државната лабораторијата за лекови и наркотици.
 
Д-р Паоло Борионе, од Република Италија, Италијанска Анти-допинг Агенција, Експерт на Европскиот олимписки комитет, Креатор на Италијанскиот Закон за анти-допинг, единствен во светот кој го санкционира користењето на допинг како кривично дело.

Д-р Рушту Гунер, од Република Турција, Независен набљудувач на WADA (World Anti-doping Agency), Професор на Универзитет во Анкара. Допинг контролор на многу Светски и Европски првенства како и на Олимписки игри.


Учесници:
- Национална анти-допинг комисија на Република Македонија
- Агенција за млади и спорт
- Претставници на Анти-допинг и на здравствените комисии на Националните спортските    федерации
- Претставници на спортските клубови
- Претставници на високо-образовните институции
- Претставници на здравствените домови во Република Македонија
и други.
Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014