Контакт

Во просториите на МОК се одржа семинар за спортските педагози во организација на Македонската олимписка академија

 12-02-2007
Во продолжение на семинарот што го организира Македонската олимписка академија при Македонскиот олимписки комитет се разговараше за потребата од практицирање на олимпизмот и олимпиското образование во воспитно педагошкиот процес од најмлади до најстари ученици.
Во работата на семинарот што го водеше претседателот на Македонската олимписка академија проф д-р Кирил Темков, присуствуваа и претставници на МОК генералниот секретар д-р Сашо Поповски, спортскиот директор Насе Насев и членот на комисијата за фер-плеј Павле Павлов.
Во дискусијата беа истакнати повеќе примери за потребата од изучување на олимпиското образование уште во прêтшколските установи, а вработените од детската градинка “Пролет”-Скопје кои беа најбројни на семинарот искажаа свои размислувања за олимпиското образование.
Учесниците на семинарот беа запознаени и со структурите на Македонскиот олимписки комитет, начинот на работа и функционирањето на оваа институција која го афирмира олимпизмот во Република Македонија и пошироко.
Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014