|
|
|
|
Завршија Зимските олимписки игри за Росана Кировска и Дарко Дамјановски |
|
24-02-2010 |


Завршија Зимските олимписки игри за Росана Кировска и Дарко Дамјановски
Росана Кировска и Дарко Дамјановски го завршија својот настап на 21-те Зимски олимписки игри Ванкувер 2010.
  Росана Кировска во конкуренција на 78 натпреварувачи, заврши на 77-то место со заостанување од 9 минути 47 секунди и 40 стотинки зад победникот Шарлот Кала од Шведска. Повеќе на: http://www.vancouver2010.com/olympic-cross-country-skiing/schedule-and-results/ladies-10-km-free_ccw010101rY.html
  Дарко Дамјановски во конкуренција на 95 натпреварувачи, заврши на 85-то место со заостанување од 8 минути 11 секунди и 90 стотинки зад победникот Дарио Колоња од Швајцарија. Повеќе на:
------------------------------------------------------------------------
ОТВОРЕНИ 21-те ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
На 12/02/2010 година, во Ванкувер, Канада, на величенствен начин беа отворени XXI-те Зимски олимписки игри. 
Повеќе од три часа траеше церемонијата на отварањето на игрите, која кулминираше со палењето на Олимпискиот оган од страна на најдобрите спортисти на Канада, Стив Неш, Вејн Грецки, Ненси Грин и Катриона ле Меј Доан.  Македонската олимписка делегација предводена од Антонио Ристевски (алпско скијање), кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање, гордо продефилира на Олимпискиот стадион во Ванкувер.  Сепак, целиот овој настан беше во сенка на трагичната смрт на Нодар Кумариташвили, кој загина за време на петочниот тренинг. Македонскиот олимписки комитет оствари директен контакт со Претседателот на Грузискиот олимписки комитет при што беа пренесени зборови на сочуство и искрено жалење на македонската олимписка делегација и македонските спортисти за трагичниот настан во кој животот трагично го загуби, 21 годишниот спортист од Грузија. По тој повод и во двете Олимписки села, во Ванкувер и во Вистлер, отворена е книга на жалост.
 Инаку сите тројца спортисти, членови на Македонската олимписка делегација, вчера беа предмет на допинг контрола, на сите тројца им беше земено крв за допинг анализа и според правилата на Здравствената комисија на Меѓународниот олимписки комитет, доколку има какви да се позитивни наоди, истите ќе бидат објавени во рок од 24 часа.
|
| Назад |
|
|
|
|
|