Контакт

СО СПОРТ - ПРОТИВ ДРОГАТА И КРИМИНАЛОТ

 10-08-2009

                                         СО СПОРТ - ПРОТИВ ДРОГАТА И КРИМИНАЛОТ

                                      
  
                                        
Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Обединетите нации - Канцеларија за дроги и криминал (www.unodc.org), Катарскиот олимписки комитет (www.olympic.qa), Глобалниот спортски фонд (www.globalsportfund.com) и Министерството за спорт и туризам на Република Полска (http://msport.gov.pl/en/news/793-Minister-Drzewiecki-visits-the-Middle-East?retpag=/en) учествуваше во работата на младинскиот спортски камп, кој се одржа во Спала, Полска, во периодот 20-26 Јули 2009 година. 
                 

На 26 Јули 2009 година завршија активностите на четвртиотиот Меѓународен младински камп, кој се одржа во олимпискиот центар Спала, Република Полска, организиран од страна на Обединетите нации, во соработка со Катарскиот олимписки комитет и Глобалниот спортски фонд. Кампот прими преку 150 учесници, претставници на 14 држави (Албанија, Бугарија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грција, Катар, Косово, Македонија, Полска, Словенија, Украина, Унгарија, Црна Гора и Република Чешка.

 

Кампот се состоеше од едукативен и спортски дел. Во рамките на едукативниот дел беа одржани повеќе предавања на теми како што се тимски дух, превенција од дроги, анти-допинг, малолетничка деликвенција, органзациски способности и др. Спортскиот дел се содржеше од турнир во фудбал и ракомет на мешани интернационални екипи. Целта на турнирите беше преку спортот да се урнат сите расни, полови и јазични бариери.  Македонската делегација секогаш беше меѓу најдобрите и на крајот успешно го заврши кампот со што се здоби со златни медали и сертификати за спортски амбасадори на GSF (Global Sport Fund).




  
Учесниците ги поздрави и Генералниот секретар на Катарскиот олимписки комитет, Н.Е. Шеикот Сауд Бин Абдулрахман Ал Тани, a предавачи беа голем број на познати личности меѓу кои и г-дин Карл Марш, (проект координаторот на Глобалниот спортски фонд) и г-динот Хавла Халид (Шеф за односи со јавност на Катарскиот олимписки комитет), кои се запознаа со учесниците на кампот, со шефовите на делегациите и тренерите при што направија сублимат на сите активности кои се одвиваа во кампот.

                                                                           

Организациониот комитет одржа и „ОЛИМПИСКИ СОСТАНОК“ кој го водеше освојувачот на четири златни олимписки медали во брзо одење на Летните олимписки игри, Роберт Корзиениовски, кој ја потенцираше големата важност на спортот и објасни колку дрогата е штетна и опасна по животот на луѓето.                                                                           

Предавањата за социјалните проблеми во светот се одржаа под надзор на Канцеларијата за дроги и криминал на Обединетите нации. 
                                                                          
 
Последниот ден, младите учесници учествуваа во пријателски мултинационален фудбалски и ракометен натпревар. Така, мешаната екипа на „Ливерпул“ го победи „Реал Мадрид“ со резултат 9-2 додека „Милан“ го победи „Марсел“ со 3-2. Во продолжението на турнирот „Манчестер Јунајтед“ ја победи „Барселона“ со резултат 9-1, а со сличен резултат заврши натпреварот помеѓу „Јувентус“ и „Сантос“ (8-0). Екипата на Крестус Контемерус од Грција доби награда за фер-плеј.

Во ракомет, „Реал Мадрид“ ја победи „Барселона“ во согласност со правилата за фер-плеј бидејќи еден од играчите на Барселона доби жолт картон. Треба да се напомене дека поените се добиваа според принципите на фер-плеј и почитување на противникот, но и на своите соиграчи, тренерите, судиите и публиката.

                                                                   
Главна цел на сите погоре спомнати актери е да се создадат најдобри можни услови за младите на возраст помеѓу 11 и 17 години од земјите од Африка, Азија, Латинска Америка и Карибите и од Централна Европа, користејќи го спортот како главно орудие, да го унапредат физичкото и менталното здравје, да ги зајакнат социјалните вештини и да ги заштити младите од дрогата и малолетничката деликвенција.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014