|
|
|
|
Водечкиот светски експерт за развој на тренинг на сила и издржливост во Македонија |
|
02-05-2012 |

|
   Водечкиот светски експерт за развој на тренинг на сила и издржливост во Македонија НОВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА СТРУЧНИОТ КАДАР ВО МАКЕДОНИЈА
|
|

|
|
Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги информира националните спортски федерации, спортските клубови, тренерите и експертите за развој на специфичната издржливост и физичка подготовка дека во периодот од 17 до 21 мај 2012 година, како резултат на одличната соработка на МОК со Владата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и пред сѐ со Германскиот олимписки комитет (ДОСБ), стручен семинар ќе одржи проф. д-р Дитмар Шмидблајхер.
Проф. д-р Дитмар Шмидблајхер е извршен директор на Институтот за спортски науки на универзитетот „Франкфурт“ и негова специјалност се темите како развој на сила на издржливост, невро и мускулна адаптација, дијагностицирање и регулација на тренинг, развој на мерни уреди и слично. Тој има развиено многу методи на тренинг за постигнување врвни спортски резултати, но и за рехабилитација по повреда користејќи стохастична резонанца. Д-р Шмидблајхер е над 12 години претседател на бордот на директори на Институт за спортски науки на Сојузна Република Германија, почесен претседател на Европското интердисциплинарно друштво за клинички и спортски апликации и уредник на 8 (осум) национални и меѓународни стручни новини. Тој има објавено повеќе од 400 научни истражувања и трудови и е еден од водечките светски експерти за развој на тренинг на сила и издржливост за врвни спортисти, а нивната практична примена придонесе, долго време, германските спортисти да постигнуваат врвни светски спортски резултати.
Овде може да ја превземете презентацијата !
МОК ја користи оваа пригода да им се заблагодари на Владата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и пред сѐ на Германскиот олимписки комитет (ДОСБ) за досегашната одлична соработка и во исто време да изрази огромно задоволство што таа ќе трае и во следните четири години.
Семинарот ќе биде одржан во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Пријавувањето ќе се врши преку имејлот mok@mok.org.mk и на факс број 02/3116068.
Агенда на семинарот:
За МОК: 17 Maј 13:00-19:00 Состанок со Здравствената Комисија на МОК
За сите учесници: 18 Maj 9:30-13:00 -Основи на невромускуларен тренинг
-Класификација на тренажни методи -Тренажни методи за сила во циклуси за истегнување-скратување (SSC) -Неуролошка адаптација на техники за загревање -Принципи на мускулен тренинг
13:00-14:30 Пауза 15:00-19:00 -Дијагностицирање -Фази во нервно мускулна рехабилитација -Компоненти на сила и мускулна акција -Физиологија на снага 19 Maj 9:30-13:00
-Методи на тренинг
-Дијагноза на општи и спортско-специфични параметри -Компоненти на силови и мускулни (ре)акции -Фактори на влијание за продукција на сила во екцентрични мускулни акции -Силов тренинг поврзан со полот и возраста
13:00-14:30 Пауза
15:00 - 18:00 -Стандардни тестови за скокање
-Развоен циклус на плиометриски тренинг -Замор, феномен на замор: Централни, периферни неуролошки и мускулни ефекти -Складирање на енергија
20 Maj 9:30-13:30 -Регулирање и периодизација на тренинг: Адаптација на тренинг за почетници и врвни спортисти -Научни новости за тренинг на снага и хипертрофија -Структура и компоненти на најновите методи на силов тренинг
14:00 Поделба на дипломи на учесниците на семинарот
|
|
| Назад |
|
|
|
|
|