
ОЛИМПИСКИТЕ СИМБОЛИ И НАСТАНИ – ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО НА МОК
Македонскиот олимписки комитет има сознание дека одредени медиуми (приватни и државни), физички и правни субјекти, здруженија на граѓани и државни органи на Република Македонија ги употребуваат или имаат намера во периодот пред, во текот и по Олимписките игри во ПЕКИНГ 2008 да се поврзат на кој и да е начин со Олимписките идентификациони симболи и олимписките настани, олимписките кругови, олимпиското знаме, олимпискиот оган, олимпискиот факел, логото на летните или на зимските олимписки игри или какви и да се слични идентификации, слики и/или цртежи поврзани со Олимпизмот и/или слично.
Ги известуваме сите субјекти дека употребата на сето она што на кој и да е начин е поврзано со Олимпизмот е ограничен и е само за оние институции (компании, акционерски друштва и/или слично) кои имаат добиено писмено одобрение од страна на Македонскиот олимписки комитет, како единствен субјект кои ги поседува тие ексклузивни права според Статутот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Во насока на избегнување на понатамошна злоупотреба и ескалација на состојбата и бидејќи истите субјекти невистинито создават импресија на поддршка на Олимпиското движење во Република Македонија, бараме веднаш да престане користењето и неовластената употреба на сето она што е поврзано со Олимпиското движење.
Ве молиме, од денот на приемот на ова известување и од моментот на јавната објавa, да го почитувате ексклузивното право на Македонскиот олимписки комитет во однос на користењето на сето она што е поврзано со олимписките симболи и настани. За сите оние кои нема да ги почитуваат законските прописи, Македонскиот олимписки комитет ќе биде приморан да превземе дополнителни дејствија преку институциите на системот, кои можат да бидат насочени кон превземање на законски мерки, јавни акции и друг начин или средства за кои ќе сметаме дека се соодветни.
Генерален секретар Д-р Сашо Поповски
|