|

Vip Олимписки ден на трчање
Олимпискиот ден на трчање е голем момент за спортот. Секоја година, низ целиот свет, се слави овој ден. Спортисти од сите пет континенти, без разлика на полот, верата, млади и стари, го слават овој ден како ден на Меѓународниот олимписки комитет и ден на раѓањето на модерните Олимписки игри.
Олимпискиот ден на трчање е единствена можност да се сподели визијата на Пјер де Кубертен, да се промовира развојот на оние физички и морални квалитети кои се основа на спортот, кои преку спортот ги едуцират младите луѓе во насока на подобро меѓусебно разбирање и ширење на Олимписките вредности на пријателство и меѓусебно почитување.
При организацијата на овој настан, Македонскиот олимписки комитет постојано го промовира и го шири спортот и олимпизмот низ Република Македонија. Во тој правец, по Крушево и Свети Николе, на 18 јуни 2008 година, олимписки денови односно олимписки ден за трчање се одржа и во Валандово. На сите учесници, како и на сите кои се вклучија во организацијата на настанот, Македонскиот олимписки комитет заедно со својот официјален партнер за Олимписките игри во ПЕКИНГ, Вип оператор (www.vip.com.mk) на секој учесник му додели маица, диплома и специјални подароци.
Со организацијата и масовноста на овој настан, уште еднаш се докажа дека олимпизмот е големo социјално движење кое на сите генерации им овозможува не само шанса за водење на поздрав живот туку и живот кој има сопствено значење и цел.
Им благодариме на сите учесници на Олимпискиот ден на трчање како и на сите оние кои дадоа свој несебичен придонес во организацијата на овој светски настан.














|