|
|
|
|
СВЕЧЕНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ПО ПОВОД 40 ГОДИНИ КАРАТЕ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА - ПРИЗНАНИЕ ЗА ЈОРГА |
|
02-02-2008 |
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа свеченост, на која беше врачено признание за животно дело, од МОК на проф д-р Илија Јорга Шихан 10. дан, еден од основоположниците на каратето во Македонија и селектор на југословенската репрезентација 12 години, во најуспешниот период за каратето на овие простори. Свеченоста беше збогатена и со присуството на поголем број членови на карате клубот Работнички од сите генерации. Претседателот на МОК, Д-р Васил Тупурковски, при доделувањето на плакетата на МОК на Илија Јорга, истакна дека се работи за човек кој е еден од најзаслужните за афирмацијата и развојот на каратето во Македонија заедно со уште неколкумина истакнати карате работници. Денес тој активно помага во работата со младите генерации, организра карате семинари, а исто така е заслужен и за развојот на традиционалното карате, спортот кој во Македонија го популаризира семејството Недеви.
|
| Назад |
|
|
|
|
|