
МОК ГО УНАПРЕДУВА ТЕНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Во периодот 10-13 Јуни 2010 година, во Скопје, во организација на Македонскиот олимписки комитет и Македонската Тениска Федерација, ќе се одржи Олимписка обука на македонските тениски тренери.
Предавач на овој семинар ќе биде прославениот германски тренер, Кристијан Босe, кој е еден од најдобрите европски тренери, посебно во делот на физичката подготовка на младите тенисери (возраст 12-18 години).

Кристијан Босe до сега работел како главен тренер за физичка подготовка во Шпанија, Германија, Велика Британија, Холандија, Кина и многу други тениски федерации и национални олимписки комитети. Повеќе за тренерот од Сојузна Република Германија,, може да најдете на следниот линк:: http://christianbosse.com/vita.php?lng=eng
Семинарот ќе се состои од теоретски предавања за развојот на физичката подготовка на младите тенисери, а ќе има и практичен дел од семинарот кој ќе се одржи на терените на ТК “ЈУГ“.
Македонскиот олимписки комитет силно верува дека ова е одлична шанса нашите тениски тренери да се стекнат со непоходиот степен на знаење за физичка подготовка на младите тенисери, која секако дека многу ќе им користи во формирање на идните врвни тениски имиња во Македонија.